Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

Screenshot 2025 10 02 220700 1536x906 1 1024x604.avif.avif.avif
300x250 opst2

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вети дека ќе направи сè што е во негова моќ виновниците за трагедијата во дискотеката „Пулс“ да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна. Пораката беше испратена од Кочани, заедно со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, кој во емотивно обраќање зборуваше за болката и обврската кон градот по несреќата, објави 4NEWS.mk

„Некои изгубија се и јас жалам што тоа се случи, но ние направивме се што можевме за да спасиме и други да не загубат се. Се надевам дека виновниците, ќе сторам се што можам и што е во моја моќ, виновниците за тоа тогаш се случи ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе ја добијат заслужената казна, а ние како држава и како Влада ќе сториме се за тоа да не се повтори, затоа што тоа се можеби и најтешките часови во современата историја на Македонија како држава. Затоа нека почиваат во мир, а ние што сме на земјата ќе сториме се за споменот за нив да биде вечен“, изјави Мицкоски.


Кандидатот за градоначалник на Кочани, Влатко Грозданов, во своето обраќање ја опиша тежината на моментот и болката по загубата на 62-та „ангели“.

„И минатиот пат и сега не знам како да ви го опишам чувството кога седам тука пред вас. Што се ми се случува во душата и срцето, во однос на болката во однос на довербата, обврските и си велам дека многу повеќе овие 5 минути би ги заменил со 10 часа во операциона сала, па макар и со врзани очи отколку сега да седам тука пред вас но ете господ така сакал. А ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа, кога 62 ангела заминаа засекогаш од нас, нивните родители по нивните гробови, а ние по светските центри и по Клиничките центри. Додека седевме и гледавме со празен поглед во една точка, додека имавме нула надеж, некои луѓе работеа и не се предаваа. И наредниот ден работеа и не се предаваа и пак работеа и пак не се предаваа и после некое време почнавме да се покренуваме полека полека. Мое правило во животот е исто, работам и не се предавам.“, рече Грозданов, поврзувајќи ја истрајноста на градот со својата лична и политичка филозофија.

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села