Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Кочани: Една година подоцна, болката и празнината сè уште се чувствуваат

645419645 1519403952874859 3874290122616942096 n.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на централниот комеморативен настан „Ден на сеќавање – 16 март“ во Кочани, оддавајќи почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Во своето обраќање пред јавноста, премиерот истакна дека и по една година, болката во срцата на граѓаните останува иста.


„Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината сè уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа“, истакна Мицкоски.

Премиерот се потпиша во книгата на жалост и присуствуваше на комеморацијата во Центарот за култура „Бели мугри“, нагласувајќи ја солидарноста со семејствата на настраданите.

Можете да прочитате

Во еден ден кавадарчанец останал и без мопед и без автомобил затоа што возел без возачка

Три лица повредени во сообраќајка во Охрид

Филипче во Кочани: Нема зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили