Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Градско: Вложуваме во образованието, се проширува и доградува ООУ Даме Груев

Mickoskikc.jpg

За мене претставува навистина големо задоволство кога можеме да видиме во помалку бројните општини како имаме амбициозни градоначалници, како имаме амбициозна администрација и луѓе коишто реализираат проекти. Јас би сакал да му честитам на градоначалникот да се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот и иден градоначалник во Општина Градско, на администрацијата во општината се разбира, на сите оние коишто придонесуваат да овие проекти бидат реализирани.
 
За нас како Влада е навистина задоволство кога можеме да видиме тоа што сме го зацртале, тоа што сме го планирале како се испорачува и како може, еве со ограничени ресурси такви какви што се во изминативе 15/16 месеци од како сме избрани како Влада и покрај сите предизвици и покрај би рекол на работ на банкрот држава успеваме за 16 месеци да се консолидираме и да испорачуваме проекти. Јас сум убеден дека во годините коишто следат на таков начин ќе продолжиме и да работиме.
 
Уште еднаш честитки до градоначалникот, честитки до советниците што ја поддржуваат работата негова се разбира и до администрацијата којашто е тука нераскинлив фактор, бидејќи без поддршка од администрацијата голем дел од овие проекти нема да бидат реализирани.“

Можете да прочитате

Врнежливо време во Македонија, ќе наврнат нови над 50 литри дожд

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Филипче: Буџетот не е социјален, ниту развоен, не ги поддржува ранливите групи и нема капацитет да издржи криза