Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Бутел: По 30 години полициските службеници добиваат нова полициска станица и соодветни услови за работа

Image 2025 12 14 134216909.png

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска присуствуваше на отворање на реконструираната полициска станица во Бутел им се заблагордари на полициските службеници на нивното трпение што го имале изминативе децении работејќи во стариот објект во субстандардни услови. 

-Градоначалникот и министерот за внатрешни работи кажаа тоа што е важно да се каже односно каде работеле повеќе од 30 години полициските службеници, што ќе се случува на местото на тие бараки, каде ќе биде изграден паркот, културниот мултифункционален дом или сето она што треба да се направи, што претставува додадена вредност овде во Бутел. Генерално сите технички параметри беа кажани, јас само сакам да им се заблагодарам на полициските службеници на нивното трпение коишто го имале изминативе децении. Некои таму почнале да работат и се пензионирале во оние услови, видовте каде работеле, тоа се стандарди на се личат само не на зграда на полициска станица, рече премиерот Мицкоски.
 
Треба, додаде тој, многу трпение сето тоа да се издржи и да се одговори на задачите коишто биле секојдневни.

-Исто така сакам да упатам благодарност нормално до министерот, до министерот за социјална политика, демографија и млади, до заменикот, до градоначалникот на Општина Бутел што сето ова го направија заеднички, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Бутел. Владата во целиот овој процес се разбира како нераскинлив дел, и натаму ќе продолжи да поддржува вакви проекти. Се надевам дека се помалку вакви отворени позиции ќе има во државата коишто ќе треба да се решаваат секојдневно, истакна македонскиот премиер.

Можете да прочитате

Определен притвор за Фехми Стафа

Митровски: Двоен аршин во Кривичниот суд – милионер со куќен притвор, обичните граѓани зад решетки

Пораст на странски туристи во Македонија