Утрински Весник
Македонија

 Мицкоски од Брисел: Подготвени сме за разговори, но ултиматуми не прифаќаме

Img 8525.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на посетата на Брисел, по средбите со новиот комесар за проширување, Марта Кос, и новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Владата останува фокусирана на реформите и европската агенда.

– На средбите во пријателска и конструктивна атмосфера разговаравме за предизвиците кои ги надминавме и за нашите чекори во насока на европските вредности. Сепак, повторно потврдив дека ултиматуми не прифаќаме. Подготвени сме за дијалог и заеднички решенија со цел отворање на првиот кластер и забрзување на процесот за членство во ЕУ, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека Владата останува посветена на обезбедувањето подобар живот за граѓаните, при што клучна инспирација е интеграцијата на државата во европското семејство.

Можете да прочитате

Богдановиќ обвини дека во СДСМ има србофобија, од Бихаќка му вратија дека ја предал партијата за пари

Филипче со честитка за Католички Божиќ: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Мицкоски со честитка за Божиќ до сите кои го празнуваат денеска