Утрински Весник
Економија

Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите

Grozje.webp.webp
Dik 300x250 mk

Премиерот Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите. Како што изјави денеска, родот на грозјето, според проценките, треба да достигне 110 милиони килограми, а цената да биде за нијанса повисока од ланската во делот на откупот на „вранецот“ и „смедеревката“.

„Минатата година кога ја формиравме Владата министерот за земјоделство заедно со откупувачите и производителите имаше низа состаноци и се постигна највисока цена на вранецот и смедеревката, при така скромен род. Минатата година, мислам дека , беше некаде околу 75 милиони килограми. Тоа беше така бидејќи немаше доволно вода, системите за наводнување не беа одржувани, се соочивме со неисплатени плати на вработените во АД Водостопанство. Оваа година од информациите со кои што располагам состојбата е многу поинаква. Родот би требало да достигне, далеку од оние рекордни 150 до 200 милиони килограми, но треба да стигнеме до некои 100 до 110 милиони килограми и од оние информации кои што ги имам, цената ќе биде за нијанса повисока од таа која што беше минатата година во делот на откупот на вранецот и смедеревката. Повторно ќе биде соборен нов рекорд, така што очекувам успешна сезона за лозарите”, истакна премиерот Мицкоски.


Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година

Со еврообврзница од 950 милиони евра ќе се финансира јавниот долг за следната година

УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал