
Премиерот го честиташе 21 декември, денот на наставата на турски јазик. Тој преку својот фејсбук профил упати порака дека образованието на мајчиниот јазик е педагошка потреба, длабока цивилизациска вредност и уставна определба.
Тој нагласи дека наставата на турски јазик е нераскинлив дел од македонското историско и општествено наследство, кое директно придонесува за градење на образовен систем темелен на почит и еднаквост.
Мицкоски вели, одговорноста е голема да се обезбедат услови секое дете да има пристап до квалитетно образование, без разлика на неговиот мајчин јазик.
,,Како Влада, ја разбираме одговорноста да обезбедиме услови во кои секое дете ќе има пристап до квалитетно образование, без разлика на мајчиниот јазик. Инвестирањето во образованието и во наставата на мајчин јазик е инвестирање во довербата, во заедништвото и во иднината на државата.” – истакна Христијан Мицкоски.



