Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините

Mickoskigob.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа каков е планот за набавка на најавените нови еколошки автобуси, изјави:

„Па ние на владина седница донесовме одлука, во рамките на „Влада со Влада” договорот којшто го имаме со Унгарија. Дел ќе биде кредит, под оние исти услови коишто ги имавме и во претходниот случај, односно 3 години грејс период, дополнителни 12 години отплата, значи 15 години со истата каматна стапка. Градот Скопје во претходна анкета побара 250 вакви автобуси, за него ќе бидат отстапени 100, со 50 полначи, а останатите општини коишто имаат организиран градски превоз, побараа, мислам дека побараа 89, а ќе добијат 50, со 25 полначи.”

Можете да прочитате

Четворица млади претепале обезбедувач и кршеле инвентар во кумановски локал

Македонија е рангирана на 114-то место по воена сила

Хоџа-Дрекслер: поддршката на Германија за енергетската транзиција и Зелената агенда на Балканот е клучен столб за модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем