Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Новиот увоз на струја е за 7 дена, а ЕСМ за ќе плати со народни пари околу 2.500.000 евра

СДСМ: Ковачевски упорен да обезбеди струја и енергенси за зимата

Иста компанија, „херојски“ авансни провизии, многу криминал и корупција. Не треба истрага, не треба специјални тимови, криминалот е насекаде. Треба избори и нови луѓе да ги водат институциите, напиша на својот фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Тој наведува дека новиот увоз на струја е за 7 дена, од 12 до 18 Декември, а ЕСМ за овој увоз „херојски” ќе плати со народни пари околу 2.500.000€.

Од 7 Ноември до 18 Декември или за точно 41 ден, потрошени се вкупно 39.180.708€ за увоз на струја.

Доаѓа крајот на корумпираните политички измамници. Доаѓа време за одговорност, напиша Мицкоски.

Можете да прочитате

Дали утре нѐ чека ново поскапување на горивата?

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата се неразделни

СДСМ: Цела недела Владата не презема мерки за цените на горивата