
Новинските агенции секојдневно ја пишуваат првата страница на вистината. Вашата работа не е само пренесување на вести, туку создавање јавана меморија, градење доверба и оддржување на демократијата во живот. Денес повеќе од кога било медиумите се столб на демократијата, во услови на голбална поврзаност тие не само што информираат, туку и инспирираат, обединувата и создаваат клима за просперитет. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на 33. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА -ЈИЕ), кое се одржува денеска во Скопје, во организација на Медиумската информативна агенција – МИА.
– Во време на економски и социјални предизивици, кога граѓаните бараат сигурност и надеж, медимнуте се тие кои можат да пренесат визија, објаснат реформи и поттикнат јавна дебата. Нашата држава цврсто стои на ставот дека нема демократско општество без слободни медимиуте. Слободата на говор е темелна вредност и нисе сме решени да ја унапредуваме и гарантираме простор каде секој новинар може слободно да праша, истражува и објави без притисок и страв. Вистината мора да биде поважна од секоја политичка или економска моќ, нагласи Мицкоски.
Но, во ерата на дигитализација и социјални мрежи, нагласи премиерот, дезинформациите се како вирус, брзо се шират создавата недовебра и можат да ја поткопаат довербата.
– Нашата Влада поттикнува и охрабрува дебата, да бидеме пример со цел да ги оспособиме младите генерации критички да ги препознаваат и анализираат изворите на информациите, порача Мицкоски.
Балканот и ЈИЕ, како што посочи, долго време беа симбол на поделби и конфликти, но денеска имаме нова задача да бидеме симбол на соработка и просперитет, а медиумите можат да бидат мостови меѓу нашите земји..
-Сакам да потсетам на иницијативата за регионална размена на вести, меѓу новинските агенции што веќе дава резултати. Кога нашите граѓани ќе читаат позитивни вести од соседството, тогаш предрасудите се рушат, а пријателствата се градат, порача Мицкоски.
Дезинформациите и неоснованите критики, нагласи, се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија.
– Разликата меѓу конструктивна критика и дезинформација е исто толку голема колку и демократија и манумулација. Нашата Влада нема да замолчува критики, но нема да дозволи лагата да се претвори во норма. Затоа вложуваме во медиумска писменост и поттикнуваме професионални медиуми. Владата е црвсто определена да биде партнер на медиумите. Работиме цврсто на подобрување на условите и професионализаијца и поттикнување на регионалната соработка, рече Мицкоски.
Пред отворањето на Генералното собрание, се одржа конференција на тема „Утврдување на вистината во нивинарството“, што ја отвори генералниот директор на МИА, Дарко Јаневски.
Зборувајќи за вистинската задача на новинарството, Јаневски нагласи дека вистината во новинарството е задача поради која постои и егзистира самата професија.
– Темата за вистината во новинарството. Проблем и задача кои постојат од самите почетоци на оваа наша професија, за некого убава, за некого проклето тешка и напорна работа, но која дава извонредно задоволство кога на крај ќе имате успешен резултат. Затоа, задача на современото новинарство не е само да информира, туку и да ја открие вистината. Да ја разобличи лагата и сето да тоа му го понуди на граѓанинот. Да ја подигне неговата свест, да го подобри неговиот живот. Tреба да се заложиме за малку повеќе. Да бидеме похрабри. Да, тоа носи ризик и од грешка, но зарем постои професија во која не постои ризик од грешкa, порача Јаневски.
Старо правило, нагласи Јаневски, е дека новинарот ја завршил својата работа тогаш кога има информација од најмалку два, а по можност и повеќе извори, но ретко кога новинарот вклучува сопствено размислување и знаење, а тоа, како што посочи „подразбира многу труд, повеќедецениско надградување на образованието, слично како кај лекарите, кои цел живот мора да ги учат новите методи и практики“.
– Да, новинарот треба да известува, да пренесе, но во денешно време, во време на социјалните мрежи, на обичниот граѓанин, многу често, за да добие информација не му е потребен новинар. Тоа драстично ја менува улогата на новинарот. Тој се повеќе треба се ориентира кон истражување, кон откривање на фактите, незапоставувајќи ја и информативната обврска. Се менува и начинот на информирање. Веќе не е доволно само да пренесете гола информација, туку се побитно е дали во начинот на кој информирате, ќе успеете да внесете и малку уметност, шарм, интелигенција и што е посебно битно – емоција, чувство, рече Јаневски.
Се разбира, ние не сме експерти во секоја област, ние не сме научници, посочи директорот на МИА, Но, тоа не нè спречува да бараме, да истражуваме, да откриваме, а не само да информираме со тоа што ќе пренесуваме изјави и ќе известуваме за настани, во спротивно, подложни сме на манипулација, а кога нас не манипулираат, ние ја манипулираме јавноста.
-Тоа не значи дека треба да брзаме. Тоа не значи дека не треба да провериме. Тоа не значи дека не треба да информираме. Но, како што реков, времињата се сменети. Со тоа се менува и улогата на новинарот. Неговата првенствена цел треба да биде вистината. А до нејзе, не секогаш се доаѓа лесно. Затоа што, понекогаш од нашата вистина може да зависи и нечија судбина. Исто како што лагата, базирана на дезинформација, може таа судбина да ја загрози. А тоа, никој од нас не го сака и тоа е величината на оваа наша професија, изјави Јаневски.
На 33. Генерално собрание на АБНА-ЈИЕ во Скопје, чиј домаќин е МИА, учествуваат првите луѓе на националните новински агенции од Балканот, Медитеранот и Европа или нивни претставници
Одлуката Медиумската информативна агенција – МИА да биде домаќин на 33. Генерално собрание беше донесена минатата година на 32. Генерално собрание што се одржа во Истанбул, во организација на турската национална новинска агенција Анадолија.
Во АБНА-ЈИЕ членуваат 12 новински агенции – МИА, АТА, Анадолија, ФЕНА, БТА, ХИНА, ЦНА, АНА-МПА, Косова прес, МИНА, Аџерпрес и АНСА.
На 30 генералното Собрание, кое се одржа во Бургас во 2022 година АБНА-ЈИЕ од неформална организација, која функционира над 30 години, стана и формално Асоцијација здружение, регистрирано, како правно лице, со свој Статут и правила на однесување на сите членки, но и критериуми, кои треба да ги исполнат оние кои во иднина сакаат да станат дел од оваа Асоцијација. На состанокот во Бургас беше изгласан Статутот, кој е креиран врз основа на правниот документ на Европската алијанса на новински агенции, со што всушност АБНА-ЈИЕ во своето работење се приближува кон европските стандарди и правила на Европската Унија.