Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Новата градинка во Кочани ќе додаде квалитет во животот на граѓаните

Image 2026 01 02 140100698.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новоотворената градинка во Кочани ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, нагласувајќи дека ваквите објекти имаат особено значење за најмладите.

Тој посочи дека објектот, кој подолг период бил во подготовка, конечно е ставен целосно во функција и ќе овозможи згрижување и растење на децата во современи и соодветни услови. Мицкоски изрази задоволство што градинката е функционална, исполнета со деца и со вработени кои, како што рече, имаат хумана и одговорна задача.

Премиерот упати благодарност до градоначалникот на Кочани, до заменик-министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и до Советот и администрацијата на Општина Кочани, за нивниот ангажман во реализацијата на проектот.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и приоритетите на локалната самоуправа, оценувајќи дека надлежните на локално и централно ниво најдобро ги познаваат потребите на граѓаните

Можете да прочитате

Наслов: Кривична пријава за измама при продажба на куќа во Тетово

Николоски: Македонски експерти работат на стабилизација на свлечиштата и косините на автопатот Охрид-Кичево

Агенцијата за катастар со конкретни резултати во 2025 година: Над 1.040.000 решени предмети и целосно тековно работење