Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ние не сме акционерско друштво кое ја снабдува Србија со нафта

22093324 06 2025mickoski.jpg

На медиумско прашање за состојбата во Србија и проблемите со нивната нафтена индустрија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека разгледуваат секоја можност, но нагласи дека „ние не сме акционерско друштво за снабдување на јужна Србија или други земји во регионот“.

„Ова го прават приватните компании што водат бизнис. Ние како држава ги спроведуваме сите чекори за да може цевководот, кој е уништен многу години, да се стави во функција. Мислам дека тестовите се при крај и треба да започнат тестовите за притисок. Владата го одобри ценовникот, па очекувам цевководот да биде ставен во функција оваа година, а потоа компаниите, доколку најдат интерес, можат да го преземат она што е нивна дејност“, рече Мицкоски.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека доколку „НИС“ не ја добие американската лиценца до крајот на денешниот ден, земјата ќе се соочи со „тешки денови“.

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец