Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Mицкоски: Нема кривична пријава за Мерко кој назначил средношколка за директор на училиште

Мицкоски од Мечкин Камен: И денес граѓаните во Македонија се борат за индентитетот и иднината
Img 7972

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше кривичната пријава против  градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов, поради именувањето на директор на училиште кој, како што велат од МВР, немал положено испит во законски утврдениот рок.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски вели дека Папазов го именувал единствениот кандидат кој што се пријавил на огласот, а направи и споредба со струшкиот градоначалник кој назначил директорка на училиште со завршено средно образование, но за него, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, нема кривична пријава.

„Читам денес МВР на Спасовски и Ковачевски обелодениле “голем” криминал. На градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов му поднеле кривична пријава зошто го именувал единствениот кандидат кој и се пријавил на огласот за директор на Основното училиште. Значи не е тендер, не е договор во 4 очи, туку одлука за именување на директор кој не бил по кејфот на власта. Патем да напоменам нема кривична пријава за Мерко кој назначил за директор на училиште средношколка. Нормално нема кривична пријава зошто зелените од ДУИ ќе се налутат на СДСМ.

Со ваква власт, нема зима за криминалците. А Папазов е силен, и добро знае дека колку тие посилно притискаат, толку пожестоко ќе бидат поразени. Е потоа ќе има вистинска одговорност за вистинските криминали“, вели Мицкоски.

Можете да прочитате

Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

Филипче од Ресен: Со СДСМ земјоделците добиваа реална помош, со ВМРО-ДПМНЕ се без субвенции и со ниски откуни цени

Сабри Азири му се обрати на Бујар Османи: Како може да го бараш гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им попобара прошка на семејствата од Скопје што беа прогласени за ‘монструми’?