Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Нема да повторувам „северна“ како папагал

Mickoski.webp.webp

Запрашан за пораката на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека ако не го спроведува  Преспанскиот договор може да биде непријатно изненаден на самитот на НАТО во Вашингтон, Мицкоски возврати дека не се изненадува толку лесно – ни пријатно, ни непријатно. Моето човеково право е над сите права, рече Мицкоски, повторувајќи дека тоа што е закон и Устав ќе почитува, но нема како папагал да ја повторува придавката „северна“.

– Како човек што ќе ја предводи Владата обврзан сум да ги почитувам законот и Уставот и тука сум немал дилема, ниту ќе имам, се додека овие закони и ваквиот Устав се на сила. Преспанскиот договор е дел од Уставот и законите. Не можете да барате да се почитува, а од друга страна да се крши.  Очекувам да градиме добрососедски односи на принципиелна, конструктивна основа, добрососедски односи кои доликуваат на 21 век. Немам намера талибански да се однесувам, ниту пак очекувам некој талибански да се однесува., рече Мицкоски.

Според него, можеби е добро да се аргументираат позициите пред НАТО самитот во јули, по што побара од јавноста да не очекува дека „како папагал да ја употребувам придавката северна, а позади завесата да ве ограбувам“.

– Ќе ме видите заедно со вас на улиците, од Чаир до Тетово, преку Дебар, Струга, Велес, па се до Делчево. Зошто би стравувал? Ерга омнес го користиме. Членот 7 и став 2 од Договорот се многу јасни. Би сакал да ги замолам медиумите во Македонија малку повеќе да посветат внимание во анализа што има нашиот јужен сосед исполнето од Договорот, а помалку да биде провокација моето човеково загарантирана право со многу конвенции на употреба на терминот Македонија, која е моја татковина каде што сум се родил.

Што направија тие за овие шест години? Ајде да видиме што правеа во минатото? Што требаше ние да добиеме во минатото кога се менуваше знамето и банкнотите? Кога се користеше понижувачкото име, кога се случуваше интервенцијата на НАТО против режимот на Милошевиќ во 1999 година, кој беше лојален сојузник, а кој забрануваше прелети?, посочи Мицкоски околу дилемата дали неговиот став ќе предизвика влошување на односите доколку го користи уставното име само кога мора.

-Ако некој мисли дека може да ни земе нешто на сила, треба да мисли што ќе биде потоа, рече Мицкоски. 

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово