Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно

31122024 Mickoski.jpg

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски испрати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник, Рождество Христово Божиќ.

„Почитувана Ваша Светост, архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан,


Почитувани членови на Светиот архиерејски синод,

Почитувано свештенство и монаштво,

Драги сограѓани,

Во мое лично име и во име на Владата упатувам најискрени честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.

Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските вредности – вербата, надежта и љубовта, кои треба да нè водат во секојдневниот живот. Божиќ нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг и да ја споделуваме радоста со сите околу нас.

Во време кога предизвиците се бројни, оваа празнична атмосфера нè поттикнува на размислување за заедништвото и единството, како најсилен темел за изградба на подобра иднина. Нека Божиќ биде потсетник дека со вера, труд и меѓусебно разбирање можеме да создаваме општество исполнето со мир, правда и напредок.

Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани, негувајќи ја традицијата и духовноста како темели на нашето општество.

Посакувам да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските.

Нека Божјата милост нé води низ животот, носејќи благосостојба, здравје и успех во секој наш чекор, се наведува во честитката.

Можете да прочитате

Данела до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Изет Меџити заложник на индустријата за игри на среќа, да ја запре еколошката катастрофа на Кожув, бара АА

Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот