Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Не очекувам поскапување на цената на струјата за домаќинствата во јануари

Struja.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија.

Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено се снабдуваат граѓаните со сите количини на електрична енергија и ќе продолжиме така да ги снабдуваме. Така што, барем од онаа информација со која што јас располагам не очекувам да има покачување на цената на струјата за домаќинствата – рече Мицкоски, по увидот во работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани.

Можете да прочитате

УХМР: Снег во идните денови

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“ можеби не починале од јаглерод моноксид

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери