Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: МВР идентификува 20 лица поврзани со пожарите

Mickoski pres .jpg
Dik 300x250 mk

Идентификувани се дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите. За жал, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните, пред изборите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Јегуновце.

– Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на структурите на МВР, идентификувани се од прилика дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади овој процес. Истовремено имавме одредени дојави што ги собиравме изминативе денови и во координирана акција МВР со Министерството за животна средина ќе постапува во деновите коишто следат, така што за жал има структури кои на ваков начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир, но како што кажав тие ќе контруираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме, и на крај повторно ќе победиме, рече премиерот.


Можете да прочитате

Полицијата го сопрела при рутинска контрола, она што го виделе внатре ги шокирало

Ленче Николовска: 100 милиони евра од ИПАРД под знак прашалник, срамота за институциите

Нова услуга на „Визер“! – Празно седиште до вас, повеќе комфор и приоритетно качување