Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Мој личен став е дека локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар

20251114130858 big 730x400 7.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар. Тој денеска изјави дека по изборите се посветени на неколку други инфраструктурни проекти од здравството.

– Она коешто сега го работиме откако завршија изборите е да ја продолжиме најпрвин постапката за изградба на Клиничката болница во Штип, Медицинскиот факултет и Студентскиот дом, потоа болницата во Кичево со проширена дејност и реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово. Мислам дека тој процес откако ќе почне, тогаш може да се посветиме на овој за којшто зборуваме сега. Сепак тој периметар, мислам дека е најсоодветен, бидејќи има пристап до гас и исклучително добра сообраќајна инфраструктура и мислам како целина може сериозно да се разгледува со лесна надградба да дојдеме до она коешто го посакуваме како држава и пациентите коишто ќе го добијат како квалитет. Не се откажуваме. Не е ова во консултација со експерти, ова е лично мој став, рече Мицкоски.


Во однос на финансиската конструкција, рече дека треба да се види колку ќе се интервенира во надградба, модернизација, број на кревети…

– Ајде да дојдеме до таа фаза, па ќе споделуваме повеќе информации со јавноста, рече Мицкоски.

Изградбата на нов Клинички центар е предизборно ветување на неколку влади досега.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари