Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Механизацијата за чистење да биде отстапена на општините

(Видео) Скопје заробено од ѓубре: Нема празен контејнер, но има расфрлан отпад и смрдеа низ цела Партизанска

Едно од решенијата е механизацијата да биде отстапена на општините и тие иако немаат такви ингеренции самите да може да ја одржуваат хигиената кога веќе ЈП Комунална хигиена кое е под надлежност на град Скопје тоа не може да го прави, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Бутел одговарајќи на новинарски прашања за ситуацијата со сметот кој настана поради град Скопје и ЈП Комунална хигиена.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде се од себе заедно со градоначалниците во скопските општини да се доведе хигиената на пристојно ниво.

– Она кое може ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да го направи е сите оние луѓе кои се дел од структурата, дел од општините во град Скопје да можат да дадат се од себе, доколку ги добијат основните средства да можат да ја доведат хигиената на едно ниво кое би било пристојно и ниво за кое скопјани издвојуваат големи средства од својот скромен буџет да имаат пристојни услови, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Тошковски: Државата е во многу лоша состојба околу справувањето со пожари

АХВ: Се повлекуваат од пазарот коцки за супа од Хрватска

Скопјанец ѝ го искршил автомобилот на сопругата и упатувал закани