Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја преземе работата на директорот на Царина и одговорните службеници таму и лично ќе ги прегледувал фактурите за убоз на здравствени медикаменти. Тој денес изјави дека тој и Владата нема да дозволеле „сопствениците на веледрогериите да се богатат на здравјето на граѓаните“.
Според него, состојбата во здравството е „апокалиптична“.
„Лично ќе ги гледам фактурите на Царина кога ќе се увезуваат медикаменти за да не може поединици да книжат ненормални суми пари на сметка на здравјето на граѓаните“, изјави Мицкоски за време на денешниот настан на пеколни горештини кога фрлаше лопата за нова градинска во скопското село Трубарево.
Тој тврди дека со ребалансот на Буџетот не се кратат средства од здравството. Приоритет на Владата ќе биде завршувањето на изградбата на клиничките болници во Штип и Кичево, за што веќе се разговарало со една компанија.
„Веќе работиме со една компанија и тоа ќе го направиме по еден економски модел кој нема да значи сомневања за криминал, посебни специјални закони. Ќе има транспарентна процедура, тендерски ќе биде согласно законот. Се крати онаму каде требаше да се скрати, а тоа е да не се крати на болните од канцер, да не се плаќаат надоместоци за организациските директори, да не се крати од негата на луѓето на кои таа им е потребна“, нагласи премиерот.