Утрински Весник
Македонија

Мицкоски – Кошта: Македонија заслужува процес, базиран на вредности, а не на билатерални условувања

20260213180431 big 730x400 74.webp.webp

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево во рамки на посетата на Минхен остварил средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. На средбата Мицкоски истакнал дека Македонија останува посветена на европскиот пат и реформите, но оти заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања.

„Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија, за реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Јасно ја пренесов нашата позиција Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања. Нашата Влада работи на суштински реформи: владеење на правото, борба против корупцијата, економска стабилност и подобар животен стандард за граѓаните. Европската иднина не е само политичка цел, таа е избор за подобра држава“, потенцирал на средбата премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

„Ѝ реков не се секирај, тука сме сите, има институции“ – потресно сведочење на Мартин Саздов за трагедијата на Ивана и Катја

Автопатот Кичево–Охрид ќе чини 13,5 милиони евра по километар вели Николоски

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА  „ВРЕМЕ НА ПРЕКРШУВАЊА – ВРЕМЕ НА ГОЛИ ОТОК“