Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Користеле државните ресурси и ме прислушкувале

9da9b9b1 357e 8a8b 0c27 9240b5813918.jpg

Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото двете агенции, односно Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги користеле државните ресурси за да го преслушкуваат него, но и бизнисмени и новинари.

„Јас не би можел да зборувам за деталите, претпоставувам и директорот ќе го каже тоа, бидејќи тоа е државна тајна и така се класифицирани тие документи. Но едно е факт, дека двете агенции и Агенцијата за разузнавање и АНБ темелно се занимавале со во тоа време претседателот на најголемата опозициска партија, т.е. со мене, меѓу другото и со бизнисмени и со новинари. Така што еве да оставиме време периодов процесот да тече, да видиме обвинителството што ќе каже, судиите нормално во еден судски процес. Јас сум навикнат, еве истекува осмата година како сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ навикнат сум на таков тип на луѓе и не ме изненадува тоа бидејќи и тогаш стигаа до нас информации што сè се случува.”, посочи Мицкоски.


Мицкоски вели дека станува збор за луѓе полусвет, којшто немаат во животот доволно мотив да се занимаваат со убави работи, па се занимаваат со туѓите животи мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква пофалба и ќе напредуваат во кариерата.

„Едноставно, таков тип на луѓе, јас би ги нарекол „полусвет” немаат во животот доволно мотив да се занимаваат со убави работи, се занимаваат со туѓите животи мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква пофалба, некаква предност кај нивните наредбодавци и ќе напредуваат така во кариерата. Но, секоја работа има почеток има и свој крај. Очекувам овие „глодари” да завршат онаму каде што им е местото, зад решетки и еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребата на ваквите агенции и на ресурсите со коишто тие располагаат.”, дециден е премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година

Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти