Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Конструктивна средба со синдикатите, на маса е покачување на платите на административците за 40% 

Mickoski pres .jpg

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, ја оцени денешната средба со УПОЗ како конструктивна, потенцирајќи дека ги презентирале пред претставниците на синдикатот условите и правилата за покачување на платата на административците за 40 проценти, додавајќи дека сега очекува одговор од нивна страна дали го прифаќаат предлогот од страна на Владата.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред. Тие исто како и претставниците од КСС рекоа да се консултираат со раководството во рамките на својата синдикална гранкова единица и потоа во текот на утрешниот ден ќе не информираат. И доколку е се во ред, тогаш во недела би требало конечно да се согласиме, и од понеделник да почне изготвувањето на т.н. темплејт односно примерок како би изгледал тој индивидуален синдикален договор и понатаму нормално тој во различни работни единици ќе се усвојува и врз основа на тоа ќе започне исплатата на платите во април, за мартовска плата оваа година, која би опфатил 8 процентно зголемување на збирот од сегашната плата зголемена за минималната плата што треба да се нивелира. Истото ова би се реплицирало во 2027 година и во 2028 година. Што значи дека за отприлика за 2 години и 2, 3 месеци од сега, административните службеници, тие кои што не добиле, како што добија некои од нив во минатото, ќе имаат минимално 40 проценти поголема плата, споредено со денешното ниво”, посочи Мицкоски.

Можете да прочитате

Претреси во „Алфафарм“ поради истрага за заплена на пет тони марихуана во Србија

Филипче – Вајц: Местото на Северна Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена 

Мицкоски најави шокантни информации: Вечерва јавноста ќе слушне нешто катастрофално