Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Кога од опозицијата коментираат со лаги, измислици и навреди, ги загрозуваат нашите стратешки интереси заедно со нашиот стратешки партнер САД

07032025 Mickoski 7.jpg

„Многу суштинско прашање, посебно после она што вчера се случуваше на состанокот на Европскиот совет, кога не помина едногласно одлуката за буџетот, нешто што е многу важно.”, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање околу состојбата во Украина и во однос на обвинувањата од страна на опозицијата за начинот на кој гласаше Македонија за Резолуцијата на Европска Унија за Украина.

Тој е дециден дека никој не треба да има дилема дека наша стратешка цел е полноправно членство во Европската Унија, но исто така наш стратешки партнер се Соединетите Американски Држави.


„Бев критикуван во минатото од страна на тогашната власт и некои во тоа време аналитичари од страна на власта дека сме биле повеќе кон Исток, отколку кон Запад, сега кога сме многу кон Запад, зошто сме толку многу кон Запад итн. Јас ги разбирам, јас не можам нивниот гнев и начин на формирање на измислици и креатури да го оправдам, но ги разбирам. 

Фрустрирани се, надежта се враќа кај граѓаните, се гради, гледате проекти, индикаторите се позитивни и сето тоа е во ред. Но, на тој начин кога коментираат тие ги загрозуваат нашите стратешки интереси, заедно со стратешкиот наш партнер Соединетите Американски Држави. 

Кога анализираат со лаги и измислици и кога навредуваат. Знаете еден аналитичар, многу близок до сегашната опозиција, порано власт, кој што, морам да признам, изнесе една планина клевети, навреди кон претседателот на Соединетите Американски Држави, и не излезе во јавноста ниту тој да се извини нити тие коишто го поддржуваат, а тоа е сегашната опозиција, поранешната власт, односно сегашната опозициска коалиција Левица, СДСМ и ДУИ. Нити пак тие излегоа.”, истакна Мицкоски.

Премиерот Мицкоски очекува во периодот којшто следи, да биде потврдено она што еднаш го кажа, и тоа веќе се потврдува, најголемиот дел од европските лидери ќе бараат средба со претседателот Трамп и ќе бараат начин како да се стави крај на овој конфликт, предизвикан од руската агресија во Украина.

„Јас сум убеден дена ние како државата треба да позиционираме заедно со нашиот стратешки партнер, убедени сме во Владата дека, тоа е правецот во којшто ние како држава треба да се движиме и во име на тоа беше и нашата поддршка, како Влада, на Резолуцијата која беше поднесена од страна на Соединетите Американски Држави, како резултат на тригодишнината од почетокот на руската агресија во Украина, во рамките на Обединетите Нации.”, подвлече Мицкоски и додаде:

„Дека нашиот став беше исправен, потврдата стигна во гласањето во Советот на безбедност, којшто како одлука носи конечни одлуки, каде што голем дел од постојаните земји членки на Советот на безбедност, а се дел и Европската Унија, но и оние коишто се повремени членки, а се дел од Европската Унија, не гласаа против, туку гласаа воздржано. Ако тие беа против, можеа да гласаат против и да ја блокираат. 

Тие не ја блокираа, со што Резолуцијата во која ние како ко-спонзори бевме заедно со уште други три држави, а поднесена од Соединетите Американски Држави, стана обврзувачка резолуција. Така што тоа е правецот којшто треба оваа Влада, според мое мислење, да го следи и цениме дека траен, одржлив мир во Украина е нешто што на Европа и е потребно, но и на светот му е потребен.”

Можете да прочитате

Нови правила за онлајн медиумите – регистрација во АВМУ за поголема професионалност

Поткаст ЗРАК: Квалитетната и здрава храна помага за полесно поднесување на зрачната и хемотерапијата

Ристеска во поткаст ЗРАК: Храната на нашиот пазар, не е со ист квалитет како во земјите на ЕУ