Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: Коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица е за пари, ВМРО-ДПМНЕ е за народот

Img 8156.jpeg
300x250 opst2

На народниот митинг во Ресен, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, остро се осврна на политичките противници и порача дека на овие избори „народот одлучува и никој друг“.

– Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат иднината, уморна е од сојузите на грбот на напатениот народ, уморна е од интригите на Венко, Али и Димче. Тоа е коалиција за пари. На Македонија ѝ треба коалиција за работа и за иднина – истакна Мицкоски.


Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во изминатите 15 месеци реализирале инвестиции од 500 милиони евра за општините, повисоки плати и поддршка за просветните и здравствените работници, студентите и земјоделците. Според него, Владата достојно ја брани честа на македонскиот народ и во странство.

Мицкоски посебно се обрати до неопределените гласачи, повикувајќи ги уште во првиот круг да го поддржат кандидатот за градоначалник Јован Тозиевски.

Тозиевски пред граѓаните истакна дека во изминатите четири години се реализирани 170 проекти, меѓу кои асфалтирање на локални патишта и социјални програми за семејствата. За наредниот период најави приоритети како реконструкција на градскиот плоштад, развој на скијачкиот центар Галичица, изградба на обиколница, катна гаража, канализациона и водоводна мрежа, како и долгорочна стратегија за заштита на Преспанското Езеро.

Можете да прочитате

Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом

Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат

Мицкоски од Струга: Судството и обвинителството ги штитат СДСМ и ДУИ