Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Како Влада правевме, правиме и ќе правиме се за поддршка на семејствата на настраданите во „Пулс“

20251117115022 big 730x400 26.webp.webp

Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ треба да биде упатено до пратениците – смета премиерот Христијан Мицкоски.

– Што се однесува за поддршката за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците. Мислам дека ваков тип на соочување со јавноста многу скоро ќе биде кога ќе почне процесот во суд. Така што таму ќе може сите и граѓаните и јавноста и вие медиумите што се се случувало – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи барањето на роднините на загинатите во пожарот.


Тој одговарајќи и на прашање за барање за еднократна парична поддршка за семејствата на загинатите, по примерот на оние кои починаа во пожарот во модуларната болница во Тетово за време на ковид пандемијата, истакна дека како Влада правеле и ќе прават се да им помогнат.

– Ги слушнав двете барања. Апсолутно немам никаква дилема дека ние како Влада правевме, правиме и ќе правиме се што е потребно за да се помогне во тој случај, да се ублажи болката која што е неизмерна, неограничена, голема- рече Мицкоски по поставувањето на камен темелник за изградба на детска градинка.

Можете да прочитате

Муртезани во Собранието: Европската интеграција бара континуитет, зрелост и јасна политичка волја

Панче Тошковски опериран во „Мајка Тереза“ – стабилен е и се опоравува

Филипче: Албанија денеска ја отвора седмата меѓувладина конференција со ЕУ, а првата ја имаше исто како нас во 2022 година