Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Измените во здравството предвидуваат намалување на функционерите и лоцирање на одговорноста

Hristijan Mickoski 4.jpg

Новите измени што ги предложи Владата предвидуваат намалување на функционерите во здравството, стоп за дуализмот и лоцирање на одговорноста бидејќи досега некако се префрлаше одговорноста од еден на друг, немаше јасна хиерархија и вертикална субординација“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Општина Гевгелија.

Мицкоски појасни дека досега се случуваше едниот директор да носи една одлука, другиот друга и тоа создаваше дуализам и конфликт, кој создаваше проблем во функционирање на здравството.

„Второ, намалување на функционерските надоместоци. Тука нема да застанеме, продолжува реформата, таа е интензивна, ќе имаме обединување на Клиничкиот центар, односно клиниките во рамките на Клиничкиот центар во една институција, односно правно лице, и понатаму продолжуваме со регионализацијата и локалниот пристап на здравствениот систем“, потенцира Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека овие измени се предложени во програмата и граѓаните гласаа за нив и додаде дека интересот на Владата е штитење на интересот на граѓаните.

Можете да прочитате

Истражување: Најголем број од граѓаните во Македонија сметаат дека државата не треба да продолжи да и дава поддршка на Украина

Физички ја нападнал сопругата, МВР го расчистува случајот

Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово