Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Информацциите зошто Груби не бил испратен во „Шутка“ се доверливи

Sitelmickoski.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување на телевизија „Сител“ изјави дека побарал детално објаснување од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за

Премиерот Мицкоски истакна дека побарал и добил објаснување од МВР и АНБ за безбедносните проценки врз основа на кои било оценето дека поранешниот вицепремиер Артан Груби не би бил безбеден доколку биде притворен во истражниот затвор „Скопје“, но не можел јавно да ги сподели. Вели дека станува збор за класифицирани и строго доверливи информации.


„Постојат документи и проценки од надлежните институции, но тие се со степен на тајност и не можам да ги објавам“, посочи премиерот на Сител ТВ.

Во интервјуто тој се обиде да ги демантира шпекулациите во јавноста дека враќањето на Груби во земјата, како и неговото претходно бегство преку граничниот премин „Блаце“, во кое беа вмешани и полициски службеници, било резултат на политички договор или пазар меѓу власта и поранешни функционери.

Испраќањето на Груби во куќен притвор наместо во затворот „Шутка“ предизвика силни реакции во јавноста, додека претставници на власта во изминатите денови повторуваат дека одлуката била исклучиво во надлежност на Обвинителството и Судот, без политички притисоци.

Поранешниот вицепремиер се врати во Македонија во понеделникот, по 14 месеци бегство од истрагата во која е осомничен за финансиски злоупотреби поврзани со Државната лотарија, во случај тежок околу осум милиони евра. Обвинителството предложи ефективниот притвор да биде заменет со куќен притвор, што судија на Кривичниот суд го прифати, имајќи предвид дека судот не може да изрече построга мерка од онаа што ја бара обвинителството.

Можете да прочитате

AХВ до градоначалникот на Крива Паланка: Кравите не можат да се соберат преку ноќ!

Блокирана патеката на Матка поради сериозна опасност од одрони

Професори од три универзитети бараат ревизија на новиот Закон за високо образование – „Се нарушува автономијата!“