Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Инфлацијата во Македонија не е увезена, за март е 14 проценти, а во еврозоната два пати помала

Мицкоски: Инфлацијата во Македонија не е увезена, за март е 14 проценти, а во еврозоната два пати помала

Ако е увезена инфлацијата тогаш се поставува прашањето зошто еврозоната има два пати помала инфлација од Македонија во март, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос на зголемената инфлација во државата.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека додека Македонија само за месец март се соочува со инфлација од 14 проценти, во еврозоната истата е два пати помала, посочувајќи дека владата на ДУИ и СДСМ знае дека за неколку месеци си заминува па затоа се обидува да ги испокраде граѓаните и да избега од правдата, но како што рече тој нема да можат да се сокријат.

Во март е повеќе од 14 проценти инфлацијата во Македонија, а пак во еврозоната е два пати помала. Не е тоа. Проблемот е затоа што ем не ги бидува, ем не знаат, ем многу крадат. Знаат дека доаѓа денот, за неколку месеци од денеска заминуваат и мислат дека сега ќе испокрадат и ќе избегаат потоа од државата и правдата нема да ги стигне. Но јас ве уверувам дека нема каде да се скријат. На крај на свет ќе ги најдеме и ќе ги донесеме овде, но и со куферите да ги вратат парите на народот што ги украле. Јас ви го гарантирам тоа, дециден е Мицкоски.

Можете да прочитате

Скандал во Карпош – Лукровски користел градинки и училишта за политичка кампања

Тасевски: На М-Нав му требаат вработувања на вистински потребен кадар, манекени и директори кукли не се потребни

Утре подгответе се за невреме