Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Имам лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок

Mickoski.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок поради високите цени на прехранбените производи и повтори дека институциите ја следат состојбата и реагираат кај оние трговци што генерираат висок профит.

– Јас имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема. Од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите, пазарниот инспекторат ја следат состојбата и навремено реагираат, рече Мицкоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ја поддржи иницијативата на граѓаните за бојкот на маркетите в петок.


Тој вети дека ќе се обрати до соодветните институции за преземање мерки по прашањето дека дел од производителите се уценувани од големите ланци маркети, кои се обидувале да го изиграат законот за нефер трговски практики и им давале договори со 10 отсто маржа, но потоа нуделе специјални договори за маржа и до 45 отсто.

-После оваа содржина на прашањето има две дилеми. Првата е ако се случува, тоа е кривично дело и второ кажете ги кои се. Кога ќе ја напуштам прес-конференцијата ќе се обратам до соодветните институции веднаш да преземат мерки, изјави Мицкоски.

На социјалните мрежи се шират најави за бојкот на маркетите в петок на 31 јануари поради високите цени, по примерот на Хрватска, каде беше реализиран бојкот минатиот петок.

Можете да прочитате

Дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител

Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

За една недела, нови 1.878 случаи на грип