Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: И покрај притисокот од Владата, Бутел го менува својот изглед на подобро

Мицкоски: И покрај притисокот од Владата, Бутел го менува својот изглед на подобро

„Бутел го менува својот изглед. Бутел го менува својот изглед на подобро, се гради, се реализира. И покрај тоа што имаме исклучително голем притисок и кратење од страна на Владата во општините каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, сепак оние средства со кои што располагаат, кои што се минимални, храбро, чесно и одговорно, и посветено работење, можат да бидат доволни за да бидат реализирани проектите кои што беа ветувани во минатогодишната кампања за локални избори“ рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Уредувањето на коритото на река Серава, која што многу значи за жителите на Бутел, кои што се од овој дел на градот, ќе бидат реализирани со средствата кои што ќе бидат собрани од обврзницата и други капитални проекти. Но, тоа ништо не значи за Владата. За Липково ќе има 200 милиони денари, а за Бутел нула. За Липково ќе има 200 милиони денари, за Штип ќе има нула. Така функционира Ковачевски, така функционира оваа Влада. И тоа е лошото. Но, за среќа за неколку месеци од денеска ќе дојде крајот и на предвремени парламентарни избори народот ќе може да си избере Влада онаква каква што заслужува, и онаква каква што му треба“ рече Мицкоски.

Мицкоски апелираше до Ковачевски „да го напушти гневот и да ја напушти злобата, да се одважи бидејќи сепак тој е премиер, поставен како што е поставен, тоа е небитно, и да не ги трга општинските обврзници и заемите на општините каде што има градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ од владините седници и да дозволи да се обезбедат средства за да може да се реализираат проекти за граѓаните“.

Можете да прочитате

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид