Утрински Весник
Македонија

Мицкоски и Перински на средба со Арсовска во Владата

1706947366 unnamed file.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ќе имаат средба со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Како што информира владината прес-служба, средбата ќе се одржи во 15:30 часот во Владата. По средбата, изјава за медиуми ќе даде министерот Перински.

Премиерот Мицкоски пред неколку дена изјави дека е подготвен за секое решение за проблемите во главниот град, но доколку нема прогрес, рече, „тогаш ќе мора да одиме радикално и инвазивно“. Нагласи дека прифаќа сѐ што е во интерес на скопјани. Затоа што, рече, „градот мора да функционира нормално“, посочувајќи дека претстои и почеток на нова учебна година и граѓаните веќе се враќаат од годишните одмори.

Град Скопје во петокот попладнето со допис до медиумите го повика премиерот Мицкоски „да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот“.

Градските власти во соопштението наведоа дека очекуваат и потврда за предлогот за формирање заедничко работно тело помеѓу Владата и Град Скопје.

-Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата на Р. Македонија, во корист на граѓаните на градот Скопје, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Викендов повторно над 40 степени, во недела (6 јули) локално силно невреме 

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица