Утрински Весник
Македонија

Мицкоски го прозва Пендаровски: Да се одважи и да не ги потпише законските решенија за коридорите 8 и 10 д

Мицкоски го прозва Пендаровски: Да се одважи и да не ги потпише законските решенија за коридорите 8 и 10 д

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски го повика претседателот Стево Пендаровски да не ги потпишува скандалозните законски решенија за коридорите 8 и 10 д кои влегоа во собраниска процедура. Коментирајќи ги вчерашните изјави во медиумите на претседателот Пендаровски дека во дел од предложените измени на осумте закони кои успеал да ги види имало спорни одредби, Мицкоски го повика да се одважи да каже дека нема да ги потпише.

dobivaj vesti na viber

„Го имаме претседателот кој што во улога на аналитичар се служи со народни мудрости наместо да каже што ќе преземе. Еве јас го повикувам да не се крие зад Собранието, да излезе , да се одважи и тие законски решенија кои ќе дојдат кај него да не ги потпише. Тој го има тоа како можност. Да не го суспендираме правниот поредок во државата, да не го суспендираме Уставот, туку едноставно барем еднаш во овие пет години како претседател да одработи во интерес на граѓаните и на државата“, рече Мицкоски кој денес заедно со градоначалникот на Аеродром го означи почетокот на изградбата на новиот парк „Радост“ во Реонски центар Аеродром.

Лидерот Мицкоски и денес повтори дека Пендаровски е најпосакуваниот противкандидат на опозицијата за претстојните парламентарни избори оти сигурно ќе доживее дебакл. Побара од  него достоинствено да ги одработи неколкуте месеци ошто му остануваат на функцијата и да не се обидува да ја амнестира Владата на ДУИ и СДСМ од потенцијалниот криминал за изградбата на коридорите 8 и 10 д. Најави дека владата на ВМРО – ДПМНЕ до детал ќе навлезе во се што е преземено околу изградбата на коридорите.

„Сакам да ги предупредам дека свесно ја ставаат државата во подредена положба. Тоа е кривично дело и не знам колку сериозно ме сфаќаат, но за ова кривично дело од првиот до последниот ќе одговараат. Идната Влада на ВМРО – ДПМНЕ има намера во детал да навлезе во ова што тие го преземаа како обврска и свесно ја ставаат државата во подредена улога, а со тоа ги уништуваат народните ресурси. За ова ќе одговараат“, рече Мицкоски.

Најави дека во следните денови ВМРО – ДПМНЕ на јавноста аргументиранои со докази  ќе и претстават и други спорни моменти кои Уставниот суд ги поништил во 2010 година.

Можете да прочитате

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице

Георгиевски: Никогаш не сме биле толку блиску до ЕУ, треба да направиме само еден безболен чекор

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година