Утрински Весник
Македонија

Мицкоски го честита празникот Прочка: Простувањето е личен подвиг во кој човекот ги победува своите слабости

Мицкоски го покани Битиќи во „Белата палата“ за да му го објасни планот за закрепнување на економијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честиташе празникот Велики Поклади – Прочка.

dobivaj vesti na viber

„ Простувањето е личен подвиг во кој човекот ги победува своите слабости, недостатоци и грешки кои сите ние ги имаме.

Во најдлабоката суштина на сето ова е стремежот да бидеме подобри, почовечни, да ги сакаме ближните и да се бориме за работите во кои веруваме. Во центарот на таа борба е иднината на нашите семејства, пријателите, народот, иднината на нашата Македонија. А, за тоа е потребно волја и верба, чист образ и многу работа.

И во тој контекст никогаш не ми е тешко да ја побарам прошката за работите кои можеле да бидат поинакви и подобри, од моите блиски, соработниците, од народот во кој цврсто верувам. Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека.

Но воедно тоа не значи и немање на одговорност за сите оние кои си поигруваат со заедничката иднина на сите и го прават животот потежок. Само заедно, едни со други, со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина.

Нека е честит празникот Велики поклади – Прочка! Нека е за многу години!“ порача Мицкоски.

Можете да прочитате

Мајка пријави дека нејзината 9-годишна ќерка била бакнувана и допирана од роднина

Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2025/2026 година

Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра