Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Гласачите на ВЛЕН не го поддржаа Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Img 0457.jpeg

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва коментираше за вториот круг од локалните избори во Скопје и победата на Орце Ѓорѓиевски.

„Никој гласовите не ги чува во џеб, ниту може да ги испорача од џеб. Видовме една чесна заложба за Орце Ѓорѓиевски. Факт е дека гласачите кои гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа за Орце Ѓорѓиевски. Претпоставувам дека таква била одлуката на гласачите“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека, и покрај тоа, победата на ВМРО-ДПМНЕ е убедлива и покажува дека граѓаните ја препознале енергијата и промената што ја нуди новото политичко време.

„Гласовите не се ничија сопственост. Граѓаните донесоа одлука и ја препознаа визијата за новото политичко време“, истакна Мицкоски, коментирајќи ги шпекулациите дека дел од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и движењето ВЛЕН, не го поддржале Орце Ѓорѓиевски во вториот круг.

Можете да прочитате

(Видео) Рекордна заплена на дрога во Македонија

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Панделевски: Не барав привилегии, туку фер и законска постапка – обвинението падна но носледиците останаа