Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Фактурата за 60 авионски билети за посетата на Унгарија е 2,6 а не 12 милиони денари

07032025 Mickoski 7.jpg

Фактурата за авионскиот превоз за делегацијата која беше во посета на Унгарија изнесува 2.600.000 денари, а не 12 милиони денари, потенцираше денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на прашање за јавните набавки на Владата и дали многу се троши од парите на граѓаните. Премиерот Мицкоски истакна дека фактурата е 60 авионски билети и какошто рече „кога сакате ќе биде изложена на јавноста“.

-Околу 700 евра по билет со сите вклуечни такси на сите луѓе коишто беа дел од делегацијата, која што броеше 60 луѓе, и која што е за 30 проценти помалку, отколку кога би иделе со комерцијална линија Скопје-Виена-Будимпешта, Будимпешта-Виена-Скопје или Скопје-Истанбул-Будимпешта, Будимпшета-Истанбул-Скопје. Тоа се линиите коишто беа во тој момент на располагње. Но, и од двете дестинации бевме одбиени за групна карта, којашто инаку во принцип беше за 30 проценти поскапа. Ова е виситната за да нема допонителни шпекулации, изјави Мицкоски.


Тој додаде дека посетата на Унгарија вреди, бидејќи веќе се пристигнати една милјарда евра од оваа држава за бизнисот и општините.

-Дали ќе стигнат уште многу стотици милиони евра? Да, наскоро и тоа ќе го објавиме. Целосна реконструкција на сите регионални магистрални и експреснни патишта, по поволни услови неколку стотици милиони евра. Дали вредело, мене ако ме прашате, да вредело. Дали е тоа добро за граѓаните? Тие ќе го кажат многу скоро за шест месеци од денеска на локалните избори, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

Муцунски од Мала Преспа: Преку конкретни проекти ќе продолжиме да ја јакнеме врската со дијаспората

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска