Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ќе има исплата на К-15 за вработените во државните институции

22093324 06 2025mickoski.jpg

Премиерот Мицкоски ги отфрли како неточни тврдењата дека државниот трезор ќе биде затворен на 15 декември поради недостаток на средства.

Тој појасни дека станува збор за исклучиво организациска мерка со која институциите се повикуваат навреме да ја доставуваат потребната документација, со цел да се прекине досегашната пракса на завршување на обврските во последен момент.

„На 15 декември не се затвора трезорот… Ова не значи дека на 20 декември ќе има клуч на врата и толку. Ќе работиме со план и со свесност дека обврските мора да се завршуваат на време. Суштината е да стекнеме навика за ред“, изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека рокот не е краен, но дека мора да се напушти функционирањето „во 5 до 12“, што во минатото доведувало до незавршени обврски.

Можете да прочитате

Земјотрес почувствуван во Македонија – 24info.mk

Филипче: Во вторник ќе се обелодени новото раководство на СДСМ

Две лица уапсени на автопатот Табановце–Куманово: Запленета брендирана стока и алат без документација