Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да избрише балансерот

Mickoskisobraniegovor.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека владата на ДУИ и СДСМ каде прв вицепремиерот беше Артан Груби препорача да се укине балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување пред сè на граѓаните Албанци, а Законот за правична застапеност кој го изготви оваа влада доби позитивна препорака од Венецијанска комисија, а одлуките на комисијата се спроведуваат согласно методологијата за пристапување кон ЕУ.

„Не е точно и не е вистина дека со доаѓањето на оваа Влада е избришан инструментот балансер, вистината е дека Владата во која беше ДУИ, а потпретседател или прв потпретседател Артан Груби, на седница донесе одлука во којашто го брише и дава мислење дека треба да се избрише инструментот балансер. Истото тоа понатаму е содржано во скрининг извештајот на Европската Унија, тоа е вистината и треба сите граѓани во целата државата без разлика на етничката припадност да ја знаат вистината, бидејќи заслужуваат да ја знаат вистината”, потенцираше премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Рина Ајдари од ДУИ.

Премиерот Мицкоски нагласи дека за Законот за правична застапеност, Венецијанска комисија даде позитивна препорака за овој закон, а одлуките на Венецијанска комисија според новата методологија на пристапување и преговарање по кластери, а побарана од страна на Франција се одлуки кои не се коментираат туку се спроведуваат, затоа што се дел од пристапниот процес кон Европската Унија.

„Од една страна зборуваме за ЕУ, за членство во ЕУ, за полноправно членство, а од друга страна велите дека законот бил ваков или таков. Да ви помогнам, Венецијанска комисија има дадено позитивна препорака за усвојување на овој закон. Дали тој вас ви се допаѓа или не, јас нема да навлегувам во таа дискусија со која ќе овозможам да вие добивате вештачко дишење како политичка опција за да опстоите на политичката сцена бидејќи доживеавте дебакл не така одамна со овие пораки, и тогаш сè тоа ви изгледаше смешно и саркастично, но гласачите си го кажаа своето на изборите и откако го кажаа тоа наместо да извлечете поука, вие континуирано продолжувате така да се однесувате, мислејќи дека на тој начин ќе привлечете внимание и од гласачите и од јавноста. Нема да навлегувам во етнички поделби бидејќи не е тоа дел од мојот карактер, сум го кажал тоа многу пати и ќе повторам, како претседател на влада јас сум на сите граѓани без разлика на политичка, етничка или верска поделба и така ќе продолжам да се однесувам бидејќи тоа ми е важно”, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека изнесувањето невистини од страна на пратениците на ДУИ од собраниската говорница нема да им донесе политички поени, туку ќе им одземе, но чесно и доблесно ќе беше да излезат и да кажат и се извинат за тоа дека владата во која ДУИ беше партнер со СДСМ е таа која препорача да се избрише балансерот, додека за време на истата влада се избрани судиите од Уставен кои донесоа одлука да се укине балансерот.

Можете да прочитате

Кумановци кои работеле во Авганистан и Ирак ќе протестираат утре пред УЈП

Оружје и муниција најдени при претрес во Охрид

Полицијата заплени над 25 тони пиротехника кај Градско, приведен и полициски службеник од Скопје