Утрински Весник
Македонија

Мицкоски – Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите

Sredba2 20052024.jpg

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.
На средбата претседателот Мицкоски ги презентираше заложбите кои ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.
Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните.
Борбата против криминалот и корупцијата се клучни, бидејќи владата на СДС и ДУИ ја деградираше државата по сите основи, а најмногу на тоа поле.
ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како до сега СДС и ДУИ.

Можете да прочитате

Вработена на Онкологија сведочеше како се давале терапиите на клиниката во времето на Васев: Се случуваше на клиниката да нема некоја терапија, а одредени пациенти сепак да ја добијат

Мицкоски: МВР идентификува 20 лица поврзани со пожарите

Шукова: Ангелов со силеџиската изјава за  Ромите го открива вистинското лице на  власта