Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Добрососедството не е полтронство, туку да си ја завршиме домашната работа и да направиме прогрес за нашите граѓани 

Hristijan13032024.jpg

„Однесувањето на власта кон меѓународната заедница вклучително и кон соседите е полтронско однесување, поданичко однесување и на тој начин не се гради партнерски, ниту пак добрососедски однос. За да се гради партнерски однос и добрососедски мора да имаме двонасочна улица”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Клан Директ” на телевизија Клан.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде дека лага е дека со промена на Уставот дека Македонија ќе е членка на ЕУ.

„Лага е дека со промена на Уставот како што тоа го замисли актуелната Влада дека Македонија ќе биде членка на Европската Унија, не е точно тоа е лага. Секој кој што таа пропаганда ја шири, лаже, безочно лаже и се обидува да ги манипулира граѓаните. Зошто? Затоа што оваа Влада прифати во Преговарачката рамка делови да бидат билатералните договори со официјална Софија и Преспанскиот договор со официјална Атина. Последиците денеска ги гледаме и благодарение на брзата и навремена акција на Панче Тошковски барем немаме редици за чекање, го немаме оној метеж  кој беше во времето на Оливер Спасовски, тие се последиците”, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна ВМРО-ДПМНЕ и покрај притисоците од страна на власта се спротивставило за насилниот обид од власта за промена на Устав.

„Дури и да на насилен пат се обидеа, а не успеаја бидејќи ВМРО-ДПМНЕ рече ние ќе се спротивставиме и се спротивставиме иако притисоците беа жестоки. Се спротивставивме останавме кохерентни, обединети заедно сите затоа што веруваме во ова што го прави и направи оваа Влада е погрешно. Прво ја лажеа меѓународната заедница дека ова што го прифаќаат ќе го испорачаат, второ го лажат сопствениот народ и граѓани дека со промена на Уставот, Македонија станува членка на Европската Унија, не е така, не е точно”, кажа Мицкоски.

Микцкоски посочи дека предизвиците од Преговарачката рамка допрва доаѓаат.

„Предизвиците поради тоа што го прифатија во Преговарачката рамка допрва доаѓаат во процесот на преговори и кога ќе ви кажат дека никој не може да ви гарантира ништо, и кога ќе им кажете добро во ред еве дали е ова последната отстапка што треба Македонија и граѓаните во Македонија да ја направат сите ви велат, а па не можеме тоа да ви гарантираме”, истакна Мицкоски.

Мицкоски вели дека доколку се нема вистински партнер од другата страна тогаш нема да има за брзо решение.

„Доколку немаме вистински партнер од другата страна не мислам дека ќе има брзо решение. Тогаш ќе треба да имаме комплетно нова стратегија, а тоа е како да си ги решиме домашните проблеми и како да се обидеме заедно со нашите партнери за сето ова за кое зборувам да го направиме реалност во Македонија. Да станеме посакувани и тогаш Бугарија ќе биде пред свршен чин, но доколку продолжиме да се однесуваме полтронски и поданички и прифаќаме се, се обезличуваме тогаш простете но, јас така не го замислувам партнерскиот однос, ниту пак така го замислувам добрососедството”, рече Мицкоски.

Тој укажа на тоа дека секоја позиција и секој став треба да е придружен со логични аргументи.

„Секоја позиција и секој став треба да биде придружен со логични аргументи кои се издржани а не аргументи како дело на политиканство и тоа е така уште од Римското право не сум го измислил јас, ниту сум правник, но ете сум читал така било од Римското право дека ставот кој е поддржан со аргументи преовладува затоа ние мора да имаме став и да го браниме тој став, но и да имаме аргументи за тој став. Ценам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ нашиот став го аргументиравме, на отворена сцена прифативме неколку концепти за решавање на овој спор. Очигледно дека сегашната актуелна власт не беше способна и ја излажа меѓународната заедница да испорача резултати. Ние за разлика од власта дадовме најмалку 3 концепти како треба да се реши според нас ова прашање. Подготвени сме да продолжиме да разговараме, да ги доближуваме ставовите и еднаш засекогаш ова прашање да се реши затоа што на самиот почеток кажав дека овој народ, овие граѓани дадоа премногу за тие европски вредности, а добија се уште ништо споредено со сите други народи во рамките на Централна и Источна Европа кој во минатото беа дел од Варшавски пакт односно беа комунистички држави”, заклучи Мицкоски.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер