Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до Ковачевски: Не бегај, ајде на дебата да ги соочиме аргументите за договорот за изградба на коридорите

Мицкоски до Ковачевски: Не бегај, ајде на дебата да ги соочиме аргументите за договорот за изградба на коридорите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после денешната средба во Сојузот на стопански комори на Македонија со работна тема „Актуелните економски состојби и предизвиците пред инфраструктурните проекти и инвестиции“ одговараше и на новинарски прашања.

dobivaj vesti na viber

Беше запрашан дали очекува премиерот Димитар Ковачевски да ја прифати неговата отворена покана за јавна дебата за договорите за коридорите 8 и 10-Д, при што посочи, Ковачевски да не се крие и да не бега од Македонија, туку да се врати и пред македонската јавност да дискутираат за суштината на договорите.

Истакна дека суштината на овие договори е болна за сите генерации.

„Јас многу пати во изминатиот период сум го повикувал, еве и оваа прилика ја користам да излеземе заедно пред македонската јавност, да дебатираме за суштината на договорите, бидејќи таа суштина ќе биде болна за сите генерации и оние кои што се неродени. Нека не се крие, нека не бега од Македонија. Знаеме дека е на подолго патување, на спринбринг патување, нека се врати, нека дојде да излеземе пред македонската јавност и да дебатираме. Ако ме убеди и ако ја убеди македонската јавност, тогаш опозицијата манипулира, како што тие љубат напати да речат во своите изјави од коалицијата ДУИ-СДСМ, но ако јас го разубедам, тогаш очекувам да понесе одговорност“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година