Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до Давидој: Власта е корумпирана, а институциите нефункционални, потребни се избори

Мицкоски до Давидој: Власта е корумпирана, а институциите нефункционални, потребни се избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски остварија средба со специјалниот пратеник на Романија за Западен Балкан, Андриан Давидоју.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, евроинтегративниот процес, како и поголема посветеност на Македонија кон безбедносни предизвици како земја членка на НАТО Алијансата.

Мицкоски нагласи дека Македонија ја има најкорумпираната влада, информирајќи дека доказ за тоа се секојдневните афери и криминал во кои директни учесници се високите владини функционери.

Во однос на безбедносните предизвици, Мицкоски истакна дека безбедноста на граѓаните и државата е загрозена, а владата многу неуспешно и ненавремено реагира, додавајќи дека институциите мора да се посветени на безбедноста, мирот и стабилноста на државата и граѓаните.

Воедно, Мицкоски посочи дека владата се обидува уставните измени да ги протне на сила, и целиот тој процес според него е нелегитимен, бидејќи владата нема мандат и поддршка од страна на граѓаните. Според Мицкоски, Македонија мора час поскоро да ги започне преговорите со Европската унија, но истите да се базирани единствено врз основа на европски критериуми и вредности.

Мицкоски укажа дека е потребно одржување на брзи предвремени парламентарни избори.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат