
Премиерот Христијан Мицкоски денес попладне во Брисел ќе учествuva на Самитот за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз. Овој настан е замислен како средба на која високи претставници на ЕУ и на државите кандидати за членство ќе дискутираат за иднината на европската интеграција.
Ова е прв настан од ваков вид, на кој креаторите на политики, експертите и лидерите, преку телевизиски пренос во живо, ќе дебатираат за клучниот избор на Европа: „Дали Унијата ќе се прошири и ќе се развива или ќе ризикува стагнација?“
Се очекува Самитот да испита дали временскиот хоризонт за проширување до 2030 година за земјите кандидати за членство од Западен Балкан и од Источното партнерство е веродостоен или симболичен, како и што би значела подлабоката интеграција за демократијата, економијата и стратешката автономија на Европа. „Војната на границите на ЕУ и растечките демократски аспирации во нејзиното соседство го направија проширувањето повеќе од политика: сега тоа е стратешки императив“, се наведува во најавата за настанот.



