Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Денес објава на нова германско-белгиска инвестиција вредна 20 милиони евра

449851516 1077481487067110 2501830254081161666 N.jpg

Денес објава на нова германско-белгиска инвестиција.

Наследивме држава во кома и работиме со целата енергија да ја вратиме надежта.

Градиме подобра иднина.

Одлича вест за сите граѓани е дека германската компанија ЕПСОТЕХ во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон, за што ќе вложи 20 милиони евра вели Мицкоски во својата објава на социјалните мрежи.

Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија.

Со градежни активности се започнува на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Toa што е значајно дека дел од инвестицијата е и Центар за устражување и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања.

Инвестициите се решението за подобар живот на граѓаните.

Можете да прочитате

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ