Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Денес ќе покренеме разрешување на Судскиот совет

Mickoski 3.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи најави дека денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива во Собранието за разрешување на Судскиот совет, и покрај сите укажувања на експертите дека тоа е притисок и мешање во судството и досегашните смени кои покажаа дека во независни тела се именуваат партиски луѓе.

„На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот.


Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните.

Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Ова ја објаснува упорноста со која деновиве се води кампања околу прегазувањето на девојката Фросина Кулакова чија трагедија е искористена за да се тврди дека е трул сосема судскиот систем во државата, со повикување на приотести од страна на ВМРО-градоначалници и партиски соопштенија со кого работела судијката, кому изнајмувала деловен простор и слични манипулации за да се потчини судството повторно на политиката.

Можете да прочитате

Турски државјанин убиен во Скопје, едно лице повредено и осомничениот во бегство

Трагедија во Скопје, 2-годишно дете прострелано во глава

Жестока новогодишна ноќ: Двајца во животна опасност, уште многу повредени