Утрински Весник
Македонија

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

22093324 06 2025mickoski.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски упати директна порака до меѓународната заедница и домашната јавност, нагласувајќи дека уставните измени не можат да бидат единствениот услов за напредокот на Македонија. Тој порача дека актуелната власт нема да прифати диктати доколку не бидат исполнети и останатите клучни детали од преговарачкиот процес.

„Ако некој мисли дека промената на Уставот треба да биде услов, а во сè друго да бидеме најдобри, тогаш жалам, но овде нема да најдат соработник без исполнување на другите услови,“ изјави Мицкоски.


Тој потенцираше дека одлуката за ова стратешко прашање зависи исклучиво од ставот на најголемата политичка партија во земјата и нејзиното раководство. „Секој треба да знае дека оваа работа зависи од ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој сè уште живее во илузија дека ќе најде марионети кои ќе работат против државните интереси, сериозно се лаже,“ дециден е премиерот.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница