Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот

Image 2024 10 23 103106131.png
Dik 300x250 mk

На својот фејсбук профил премиерот Мицкоски упати честитки по повод денешниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

Нека е честит и вековит денот на Македонската револуционерна борба.

На овој ден е формирана и Македонската револуционерна организација. Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое се вгради во изградбата на самостојна држава и своја самосвест.

Никулците на македонската национална мисла создадени пред илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност.

На овој ден да се потсетиме на хероите кои ги дадоа животите за слободна Македонија, но и на заветот кој не обврзува.

Потребно е да работиме за да донесеме иднина, да ја закрепнеме државата, да овозможиме правда, и економски просперитет. Народот да живее подобро и секој атом да го насочиме кон создавање на посветла иднина каква граѓаните заслужуваат.

Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот, повисок стандард и да создадеме општество на можности и почит. И ова е заедничката битка во остварувањето на целта.

Нека е вечна организацијата и нашата Македонија. Со целосна почит за Македонската револуционерна борба.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат