Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Честит Рамазан Бајрам до муслиманските верници со желби за среќа, бериќет и промени во Македонија 

Mickoski06122023.jpg

По завршувањето на вчерашниот митинг во Куманово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака на сите муслимански верници среќен Рамазан Бајрам и им посака здравје, среќа и бериќет.

„Штотуку завршивме со последниот настан денеска, а тоа беше еден спектакуларен, фантастичен, полн со емоции митинг во Куманово. Град во кој што има различни етнички заедници, но сите тие без разлика на својата различност се обединети околу една цел, а тоа е желбата за промени”, истакна Мицкоски.

Во своеото обраќање Мицкоски порача – „Ја користам оваа прилика на муслиманските верници да им го честитам големиот празник, Рамазан Бајрам. Да им посакам здравје, среќа и бериќет ним и на нивните семејства. Истото тоа го посакувам и на сите граѓани во Македонија”.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посака да е вечна, бериќетна и просперитетна Македонија.

Можете да прочитате

На ГП Табановце за влез во државава се чека околу половина час

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје