Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Целосно се реконструирани 6 операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”

7c6b57aa 4851 7fd1 405c 52fb1b2c17fa.jpg

Јас немам што да додадам на тоа што веќе беше кажано. Ете, само да напоменеме дека сега се пуштени шест, односно ќе бидат пуштени шест сали. 

Се очекува за неколку месеци од денеска, уште четири дополнителни сали да бидат пуштени, со што ќе го заокружиме процесот од 10 вакви современи, би рекол, многу модерни сали, овде. И, исто така, очекувам дека од почетокот на летото ќе имаме можност да видиме уште еден проект којшто ќе биде завршен, а тоа е во болницата „8 Септември”, каде што исто така ќе имаме супер модерни операциони сали и со тоа ќе бидеме практично држава број еден во регионот, кога станува збор за ваков тип на операциони сали. 


Се разбира дека во здравството има многу работи да се прават. Се разбира дека во здравството се потребни и голем дел фундаментални, структурни промени и во менталитетот на политичарите, но и во менталитетот на кадарот. 

Истовремено, треба да се прават реформи, можеби и поинаков пристап да имаме во здравството, бидејќи речиси ништо не е правено, а ресурсите се ограничени. Нашата цел е да решаваме проблем по проблем, за тоа треба време, не може да се среди сѐ и веднаш. Но, тоа е што е. 

Ние како Влада имаме желба, еден од врвните приоритети ни е здравството и на тој начин ќе продолжиме да се однесуваме.

Јас би сакал во оваа прилика да му честитам на директорот, на директорот на Фондот, исто така, на министерот, на сите оние коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект. 

На колегите од Владата, се разбира, коишто несомнено даваат поддршка за ваков тип на проекти и би сакал да кажам дека во периодот којшто следи ќе се радуваме уште на неколку проекти од оваа природа, коишто ќе бидат ставени во функција за заштита на здравјето на граѓаните, којашто е наша основна цел како Влада.

Можете да прочитате

Министерство за правда: Протестот на студентите е обид за политичка манипулација и етничка реторика

 Син со над 2 промили алкохол со денови ги малтретирал родителите

Протест во Скопје: Студентите бараат правосуден испит на албански јазик