Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Бруто и нето просечната плата растат за повеќе од 11 проценти

20250729110034 big 730x400 28.webp.webp

Бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти и тоа е доволен доказ дека од опозицијата креираат невистини, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу”.

Според Мицкоски, и тоа не е доволно, просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока, посочи Мицкоски, ние како Влада продолжуваме да работиме.


-Сакам да кажам дека просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока ние како Влада продолжуваме да работиме. Но, самиот факт што и бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти, е демант за сите оние, би рекол некрофили во рамките на опозицијата, кои во изминатиот период континуирано конструираа и лиферуваа лаги во јавноста дека платите не растеле, дека платите стагнирале итн. Овие податоци што сега стигаат се доволен доказ дека тие што освен тоа што не говорат вистина, туку шпекулираат, конструираат и креираат невистини и ништо не можат да сработат. Токму затоа таква е состојбата во опозицијата и токму затоа народот ја изгуби довербата во нив, изјави премиерот Мицкоски.

За време на денешната посета на Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, премиерот најави работа за уште повисоки примања на работниците.

-Ние како Влада продолжуваме да работиме за уште повисоки примања на работниците, затоа што нашата цел е да го испорачаме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, нагласи премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

АСОМ: Македонија оди спротивно од Европа кон сива економија и нелегално обложување

Финансиска и енергетска стабилност како приоритет – средба на министерката Божиновска со гувернерот Славески

ССМ доби репрезентативност, утре на ЕСС ќе бара зголемување на минималната плата